Венска тромбоемболија

Венска тромбоемболија – Голем здравствен проблем присутен во општеството

Венозниот тромбоемболизам е потенцијално фатално нарушување кое претставува голем здравствен проблем во нашето општество. Иако може да ги погоди младите здрави лица ова нарушување е најчесто кај пациенти кои претрпуваат многукратни трауми, хируршка интервенција, подолг временски период се имобилни или кои имаат состојба на хиперкоагулација. Како резултат на формирање на коагулум во венската циркулација, венозниот тромбоемболизам (ВТЕ) се манифестира како ДЛАБОКА ВЕНСКА ТРОМБОЗА (ДВТ) и ПУЛМОНАЛЕН ЕМБОЛИЗАМ (ПЕ). Доколку формираниот коагулум се ослободи и патува до било која од артериите во белите дробови на пациентот, доаѓа до блокада на протокот на крвта, т.е состојба наречена пулмонален емболизам.
Реалната инциденца на ВТЕ во општата популација не е позната бидејќи поголемиот дел од пациентите, веројатно повеќе од 50%, имаат клинички тивка болест.

Статистичките податоци покажуваат дека годишната инциденца на симптоматска венозна тромбоемболија според возраста изнесува 117 на 100.000 субјекти од бела раса. Инциденцата од ВТЕ скоро двојно се зголемува за секоја деценија од животот по навршување на 50-тата година кај мажите е малку повисока. Инциденцата од пулмонарен емболизам според возраста е благо намалена во последните години, веројатно како резултат на зголемената свесност за ВТЕ, ефективни превентивни стратегии, рана дијагноза и брз третман. 

Симптоми на длабока венска тромбоза (слика 1)

Симптомите се доста минорни и може да ги имитираат симптомите на инфекција или целулитис на ногата.

Во просек, половина од пациентите кои страдаат од ДВТ, имаат симптоми кои не може брзо да се дијагностицираат.
Длабоката венска тромбоза може да се случи одеднаш, со мало предупредување, или може да се развие постепено. Тоа е сериозна состојба која може да премине во итен случај. Поради тоа, треба да се третира брзо и соодветно.

• Црвенило и оток на екстремитетот

• Болка или чувствителност на едната или двете нозе, што може да се јави при стоење или одење

• Топлина на кожата на афектираната нога

• Видливи површински вени

Ризик фактори 

Бројни фактори го зголемуваат ризикот од развој на ВТЕ кои лесно може да се идентификуваат во клиничката пракса.
• Траума или хируршка ортопедска интервенција на долните екстремитети
• Други хируршки интервенции
• Кај пациенти со инфаркт на миокард/удар/ повреда на 'рбетниот мозок
• Претходна длабока венска тромбоза (веројатно и најголем ризик фактор за повторен ВТЕ поради уништување на венските залистоци)
• Полицитемија вера
• Наследни дефициенции, генски мутации (Factor V Leiden)
• Терапија со лекови (орални контрацептивни пилули кои содржат естроген)
• Централни венски катетри , најчесто лоцирани во горниот екстремитет
• Возраст

Лекување 

Основни принципи 

  • Употреба на антикоагулантна терапија чие времетраење зависи од индикацијата.
    - хепарин
    - нискомолекуларен хепарин (enoxaparin, nadroparin)
    - антигонисти на витамин К за кои е потребна редовна периодична лабораториска контрола-INR - (acenocumarol, warfarin)
    - нови антикоагулантни лекови за кои не е потребна редовна лабораториска контрола - (rivaroxaban,apixaban, dabigatran)

  • Компресивни чорапи (слика 2) - Механизмот на дејство на овие чорапи е преку намалување на дијаметарот на проширената вена со што се зголемува брзината на венскиот проток, а со тоа се подобрува функцијата на венските валвули. Компресивната терапија помага во намалување на венскиот притисок и превенирање на венската стаза, а со тоа се намалува чувството на тежина и болка кај пациентот. Најчесто се препорачуваат чорапи кои ја покриваат ногата до колено. Тие се носат 6 месеци до 2 години, а понекогаш и подолг период.

  • Во проксимална тромбоза, рана имобилизација е препорачлива по неколку дена од хепаринска терапија.
  • Дистална и често проксимална тромбоза може да биде третирана во општа болница или во домашни услови со домашна посета или од самиот пациент. Врз база на индивидуалната ситуација, лекарот ќе одлучи кога лекувањето треба да се прекине. На гојазни пациенти ќе им требаат две инјекции, заради поголемите дози што се потребни.Слабите пациенти или оние со коморбидитет не се соодветни за домашно лекување.
    Во зависност од клиничката слика на ВТЕ, лекувањето може да биде во болница или во домашни услови.
  • Лекувањето во болница е индицирано кога постои:
    • Тежок едем на целата нога.
    • Коморбидни состојби, што бараат хоспитално лекување.
  • Ако лекувањето се извршува дома, треба да се биде сигурен дека:
    • Техниката на инјектирање и дозите на лекот се соодветни.
    • Следењето на антикоагулантната терапија е соодвенто.
    • Пациентот има инструкции за компресивните чорапи.
    • Пациентот е мониториран за можните копликации (крвавење, емболија).