Спирометрија

Спирометрија е дијагностичка метода која дава приказ на функционалната состојба на белите дробови. Се работи за метода која лесно се изведува со адекватна соработка на пациентот. Пациентот мора да биде способен да изведе форсиран инспириум и експириум, а нормалните вредности зависат од неговиот пол, возраст и телесна височина.

Индикации

• Дијагноза и следење на опструктивни белодробни болести (астма, ХОББ).
• Дијагноза и следење на рестриктивни белодробни болести (болести на белодробниот паренхим).
• Проценка на работната способност.
• Проценка на можноста за хируршки интервенции.
• Мониторирање на ефектот од радиотерапија, операции или медикаментозна терапија

Најважни параметри кои се добиваат со спирометрија се форсиран витален капацитет , односно воуменот на воздух што форсирано се издишува по максимален инспириум, и форсиран експираторен волумен во првата секунда, односно волуменот на воздух кој се издишува во првата секунда од форсиран експириум.

СПИРОМЕТАР
GS 6018 Atemtrainer

Поттикнувачки спирометар кој ја зголемува силата, издржливоста и ефикасноста на респираторната мускулатура, помага за нормална размена на гасовите во крвта, го нормализира ритамот за дишење. Потпомага при елиминацијата на трахеобронхијалниот секрет и овозможува оптимална дистрибуција на воздух (дури и кај пациенти со рестриктивни оптоварувања).
Оптимален е за превенција од респираторните компликации .
Поттикнувачкиот спирометар за инспираторниот тренинг е од големо значење за превенција.