Озон терапија

 

Озонот е хемиска супстанца која се состои од три атоми на кислород (О3-триатомски кислород), повисока енергетска форма од нормалниот кислород. Триатомската кислородна молекула има влијание врз животната средина и применливост во медицината.
Медицинскиот озон е направен од чист медицински кислород , бидејќи концетрацијата на кислород во воздухот е варијабилна.

 

Историја на озон терапија
Децении наназад се проучува и се применува терапијата со озон. Германскиот хемичар Christian Friedrich Schönbein се смета за татко на озон терапијата (1840).
Од нејзиното прво воведување во 1840 година, озон терапијата се докажува дека може да биде нов терапевтски модалитет со одлични бенефити за пациентите. Потентното антимикробно својство на озонот, заедно со неговата способност да го стимулира циркулаторниот систем и да го подобри имуниот одговор, го прави терапевтски агенс од избор во третман на над 260 медицински патологии, меѓу кои и хепатитис, херпес симплекс, циркулаторни пореметувања, имунолошки заболувања и други.
Неговите ефекти се докажани, издржливи и со минимални несакани ефекти. Добро-документирана е ефикасноста на озонот во третирањето на инфекции, рани и различни болести. Користен и за дезинфекција на водата за пиење уште во почетокот на претходниот век. Истражувањата покажуваат употреба на озонот во третирање на повеќе од 114 болести.
Озон терапијата се користи уште од 1800-тите години а, во 1986 година Никола Тесла го патентирал првиот O3 генератор во Америка, подоцна формирајќи ја „Озонска компанија Тесла". За време на Првата светска војна, докторите со помош на антибактериските својства на озонот и неколку други достапни медицински извори ги аплицирале топикално на инфицираните рани и откриле дека озонот покрај лековито, исто така има и хемодинамски и анти-инфламаторни својства.

Патишта на администрација на озонот 
Парентерална
Интравенски*, интрамускулно, субкутано, интраперитонеално, интраплеврално, миофацијално, интратуморално
Топикална администрација
Назална, аурикуларна, вагинална, уретрална, ректална, кутана, дентална
*Озонот не треба да се администрира и.в. како гас, поради ризикот од предизвикување на оксигенски емболизам, тргнувајќи од фактот дека смесата содржи не помалку од 95% кислород.

 

Хронолошка употреба на озонот во медицината

Индикации

 
1. Артериски циркулаторни проблеми (периферна, коронарна и церебрална дегенерација)
2. Надворешни улцери и кожни лезии (декубитиси, постоперативни лезии, дијабетична гангрена, третман на изгореници, топикално озонирано маслиново масло, озонирана вода)
3. Интестинална патологија (колитис, Кронови фистули)
4. Инфекции и болести предизвикани од вируси (Hepatit C, Herpes Simplex, Herpes Zoster)
5. Адјувантна терапија на канцер
6. Геријатриски состојби (генерална ревитализација, макуларна дегенерациј поврзана со годините)
7. Ревматизам и артритис
8. Дијабетес мелитус
9. Дентален озон (озонирана вода)

Клинички студии 
Терапевтска ефикасност на озонот кај пациенти со дијабетес

 
Оксидативниот стрес игра важна улога во развојот на компликациите на дијабетес. Бидејќи озон терапијата може да го активира антиоксидативниот систем, влијаејќи врз нивоата на гликемија и некои маркери на ендотелијално клеточно оштетување, во една студија докажана е терапевтската ефикасност на озонот во третман на пациенти со дијабетес тип 2 и дијабетично стапало. На крајот на студијата, експерименталните резултати покажале дека кај групата на пациенти третирани со антибиотик, концентрацијата на глукоза не се променила. Додека пак, кај пациентите третирани со озон, хипергликемијата се намалила а концентрациите на глукоза биле во нормалните референтни граници. „Антидијабетичниот ефект" продуциран од третманот со озон, пред се, се должи на оксидативните својства на озонот.

 

Терапија за контрола на болка кај остеоартритис на колено

 
D-r Robert Howen успешно ја докажал ефективноста на озонот кај пациенти со силна болка во коленото, каде по примената на озон терапијата, болката значително се намалила.