Стопанската Комора на Македонија и додели на ФИЛА-ФАРМ Excellent SME Macedonia дигитален вебсајт сертификат

Сертификатот „Excellent SME" претставува навремено ажуриран сертификат за бизнис перформансите на успешни мали и средни компании.

Веќе од 08.04.2015 година и ФИЛА-ФАРМ се наоѓа на листата на сертифицирани компании која ги исполнува сите барања за издавање на сертификатот.

Стопанската комора на Македонија го издава овој сертификат во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност.
Сертификатот овозможува на нашата компанија да го верификува постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното - нејзиниот бонитет.

Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на COFACE - Хрватска.
Сертификатот „Excellent SME" се базира на SafeSigned ™ технологијата и истата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт.