ФИЛА-ФАРМ дел од првиот Конгрес на физиотерапевти на Р. Македонија

Во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија за прв пат се одржа конгрес кој на едно место ги обедини физиотерапевтите од Македонија и од околните балкански држави Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција, Албанија, Косово, но и од Италија, Швајцарија и Велика Британија.
Средбата која траеше 4 дена во период од 26-29 март 2015 година беше одржана во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје. На истата ФИЛА-ФАРМ учествуваше со свој штанд каде беа презентирани:

  • Кардиоторакални појаси за мажи и за жени за постоперативна поддршка (AZTEC HEART)
  • MOTOmed помагала (MOTOmed)
  • Респирометар (Paperlynen Pal Caps)
  • CPM – апарат за продолжено пасивно движење (DJO Global)
  • Вибромасажер (ARENDS)
  • Електростимулатор (Dillenburg Medical)
  • Лифт за подигање на тешки пациенти

Воедно, ФИЛА-ФАРМ на својот штанд ги изложи и медицинските помагала - ортози за кои имаше и усна презентација и на тој начин ја претстави Австриската компанија Lohmann&Rauscher во Македонија. Ортозите Cellacare на Lohmann кои се застапени како ортози за горните и долните екстермитети, ортози за 'рбетниот столб и ортози за други делови од телото (како еластични чорапи и сл.) првенствено помагаат во подобрување на функцијата на одреден сегмент, ја намалуваат болката и го подобруваат движењето.

Во текот на четиридневниот конгрес беа презентирани и други предавања со теми од спортската, педијатриската, кардиоваскуларната и пострауматската рехабилитација, а освен нив, беа одржани и неколку работилници чија цел беше практична презентација на најразлични техники популарни во светската физиотерапија

Интересот на присутните за понудата од ФИЛА –ФАРМ беше голем, особено за нашите производи Arends вибромасажерот, респирометарот и кардиоторакалните појаси.