18 Ноември – Европски ден на рационална употреба на антибиотици

Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици, за прв пат  се одбележува низ Европа на 18 ноември 2008 година и претставува Европска иницијатива за јавно здравје. Целта е да се подигне свеста за проблемот со антибиотската резистенција, и  при тоа даде информации за правилна примена која води кон ефикасност на антибиотиците.

 Нерационалата употреба подразбира земање на антибиотици без истите да се препишани од доктор или погрешна употреба на антибиотиците со намера да делуваат на вирусни инфекции, како што се настинката или грипот. Од друга страна пак, кога ќе се препишат антибиотици, потребно е пациентите точно да ги следат инструкциите од нивните доктори, за начинот на употреба и да се  придржуваат кон истите.

Неколку чекори во правилна употреба на антибиотиците од страна на не-здравствени работници и пациенти:

1.Разговарајте со здравствениот работник околу правилна употреба на антибиотици.
2.Не земајте антибиотици за вирални инфекции.
3. Не ги чувајте Вашите антибиотици за одложена примена. Некомплетна терапија води кон преживување на дел од бактериите, нивно размножување и предизвикување дополнителна штета на организмот.
4. Земајте го антибиотикот точно како што Ви е наведено од здравствениот работник.
5.Не пропуштајте ниедна доза од терапијата.
6.Завршете ја терапијата, иако се чувствувате подобро.
7. Не земајте антибиотици доколку истите не Ви се препишани конкретно за Вашето заболување. Земањето на погрешни антибиотици исто така придонесува кон резистенција на бактериите.
8.Доколку е утврдено дека немате бактериска, туку вирална инфекција, консултирајте се со здравствениот работник за правилна терапија на истата.

Неколку факти:

  • Годишно умираат 250.000 луѓе од резистентност на антибиотици. Последните истражувања покажале пораст на резистенција на комбинирани антибиотици кај Klebsiella Pneumoniae и E. Coli, во повеќе од една третина во Европа.
  • Висок процент на хоспитализирани инфекции се предизвикани од високо резистентни бактерии како метицилин резистентна Staphylococcus aureus (MRSA)

-Антибиотици биле препишувани кај 68% кај пациенти со акутни респираторни инфекции. Дури во 80% од случаите се покажало дека препишувањето на антибиотици е непотребно. Од економски аспект, годишно се трошат 1,1 билиони долари на непотребно препишување на антибиотици за овие инфекции.