ARENDS

Тридимензионалното дејство на Сенатор 3 Д – за релаксација и добросостојба

Во низата на производи кои се во асортиманот на Фила-Фарм е и уредот за масажа Сенатор 3Д. Тој не е медицински апарат, туку неговата намена е за релаксација и општа добросостојба.Тоа е единствен уред кој има многу значајни карактеристики, како што се неговата голема површина, мала тежина, но и лесна примена и замена на додатоци. Тестиран е во практика и има добро испробана издржливост, уред чиј нов механички дизајн речиси и ја отфрли веројатноста за потреба од поправка. Сенатор 3Д е елегантен и целосно функционален уред.

Понатамошниот развој од нормално вибрирање (во дводимензионалната насока од должина и ширина) до т.н. ‘осцилаторно’ вибрирање (во третата димензија во која е додадена длабочината) е она што го прави овој уред единствен.  

Со примената на притисок предизвикан од тридимензионалната работа, може да се постигне целосно посакуваната физичка масажа со најголемиот можен опфат.

Преку неговиот исклучително силен продирачки ефект, овој уред може да ги достигне и да влијае на мускулите, сврзните ткива, итн., во најдлабоките делови од телото. Овој уред значително помага да се олеснат болестите без да мора да трошите премногу енергија.

Овој апарат за масажа е наменет само за употреба на телото, на трупот од телото, вратот, рацете, дланките, нозете и стапалата. Поинаква употреба/примена може да биде опасна.

Масажата е мускулно движење со кое може да се управува рачно (рачна масажа) или со технички апарат (физичка масажа) и е особено корисна кога протокот на крв не е непречен и рамномерен или кога мускулите се во затегната состојба.Физичката масажа со Сенатор 3Д веќе подолго време сѐ повеќе се користи; покрај неговите особено корисни ефекти, заштедува многу време и енергија за клиниките кои се специјализирани за оваа техника.

Најдобро време за масажа е наутро, по можност во кревет; сепак, природно, масажата може да биде во кое било друго време. Масажа пред спиење навечер, на сметка на нејзиниот стимулирачки ефект, може да предизвика одложување во заспивањето кај особено чувствителни лица.

Со целосна масажа на телото, се стимулираат деловите на телото по следниот редослед:нозе, задник, раце, гради, стомак, врат, а на крајот и грбот.

Масирањето треба да се врши со нежни, кружни движења во насока на срцето.

 

Производител:

© 2005 Arends Elektrogeräte GmbH, D-63071 Offenbach / Main, Germany (Офенбах / Меин, Германија)

Arends Elektrogeräte GmbH

Am Waldpark 13

D-63071 Offenbach / Main (Офенбах / Меин)

Federal Republic of Germany (Федерална Република Германија)

Телефон 0049 69 / 85 17 90

Телефакс 0049 69 / 87 34 31

Електронска пошта: info@arends-elektrogeraete.de