AZTEC HEART

Кардиоторакален појас за мажи

Кардиоторакалниот појас за мажи е развиен и дизајниран од пациент по неговата срцева операција и заздравување. Тој ја почуствувал потребата од појас кој ќе може да се носи подолго време и ќе овозможи постојана поддршка на раната , намалување на болката и непријатното чуство.

Кардиоторакалниот појас ја намалува нестабилноста на стернумот и раната ако се користи веднаш по операција и во процесот на рехабилитација.  Постоперативната подршка со појасот овозможува стабилизација на стернумот и торакалните коски. Пациентите имаат намалена болка и непријатност во несакани движења, особено болка која е поврзана со стернум жици.

Со носењето на појасот веднаш по операција, пациентот добива поддршка пред да започне болката. Појасот овозможува движења на горниот дел на градниот кош, особено на рацете и рамената без ангажирање на градните мускули додека се изведуваат движења со горниот дел од телото, како пешачење, отварање врата, станување од кревет. Со помалку болка пациентот се чуствува послободен и порелаксиран. Пациентот може да дише длабоко, да се накашла и смее.

Спецификација:

  • Градникот одговара на ширина на граден кош од 85см до 130см
  • Градникот е разделив на два дела за полесна апликација над пациентот.
  • Лесно затворање со лепенки за да се избегне хирушкиот рез.
  • Дизајнот на градникот овозможува дренирање на раните
  • Прилагодлив за дебели пациенти
  • Прилагодлив за жени со мали гради и адолесценти
  • Не содржи латекс

Кардиоторакален појас за жени

Aztec Heart Кардиоторакалниот градик е дизајниран за да се носи веднаш по торакална и кардиолошка операција во процесот на заздравување за оптимална подршка на градите и хируршката инцизија. Појасот помага да се:

  • Стабилизира градниот кош и хируршкиот рез
  • Да се редуцира тензијата во новоформираните лузни и да се спречи нивно растегнување
  • Намалување на непријатното чуство после операција
  • Забрзување на процесот на заздравување
  • Побрзо враќање на пациентите на дневната рутина

Кардиоторакалниот градник е направен од мека ткаенина  која дише на вашата кожа. Градникот ќе ви овозможи подобра физичка и емоционална подршка во процесот на заздравување.
Градникот е дизајниран да спречи расцепување на хируршкиот рез од тежината на градите и пукање на хируршките конци.  Пукањето на хируршките конци е еден од најголемите ризици после операција и може да предизвика сериозни компликации и да го пролонгира периодот на заздравување на раната.
Овој градник е препорачан од страна на хирурзите и во процедури на зголемување и намалување на градите, како и во процедури на подигање на градите.

Спецификација:

  • Градникот одговара на ширина на граден кош од 85см до 130см
  • Градникот е разделив на два дела за полесна апликација над пациентот.
  • Лесно затворање со лепенки за да се избегне хирушкиот рез.
  • Дизајнот на градникот овозможува дренирање на раните
  • Прилагодлив за мажи и жени, вклучително и пациенти со големи гради
  • Не содржи латекс